• понеделник, 23 декември 2024

Одговорноста за измените на Кривичниот законик е на Собранието, промените се направени со глас на одредени пратеници, вели Лога

Одговорноста за измените на Кривичниот законик е на Собранието, промените се направени со глас на одредени пратеници, вели Лога

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) – Одговорноста за измените на Кривичниот законик е на Собранието на РСМ. Значи, тие измени се направени со глас на одредени пратеници, изјави министерот за правда Кренар Лога.

Прашан дали ја овластил заменик министерката за правда да го потпише предлог законот за измена на Кривичниот законик, Лога, рече дека заменик министерот има право, во отсуство на министерот да биде предлагач, а останува Владата со гласање да се изјасни.

– Не се согласувам со квалификациите. Така што, заменик-министерот има право како и секој министер во Владата кога министерот е отсутен и може да биде предлагач на се и сешто. Значи, останува после поддршката на Владата изјаснета со гласање дали е за тоа или не. Како и да е, и да е како што вие го кажувате предлогот, одговорноста е на Собранието на РСМ. Значи, тие измени се направени со глас на одредени пратеници, изјави Лога. 

Прашан, директно дали тој ја овластил заменик министерката да потпише вакво предлог, Лога рече дека овластувањето е пропишано во Законот за влада.

– Овластувањето е пропишано во Законот за влада, така што јас не сум никој што може со обична хартија да овластува или да деовластува кој било во државата, изјави Лога.  

Во однос на тоа дали, работната група што ги напиша измените е истата што го пишува и новиот Кривичниот законик, Лога рече дека за тоа кој има работено на предложените измени, треба да се изјасни заменик министерката.

 – Најодговорно тврдам дека работната група има работено на драфт верзијата за нов Кривичен законик и нема работено во овие измени кои беа предложени од страна на заменичката. За кој дел од тимот кој ги има предложени ќе треба да се изјасни заменик-министерот за правда, изјави Лога. аа/ар/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан