• понеделник, 25 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
10 април 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 март. Денеска е Преподобен Иларион Исповедник. Преподобен Иларион беше игумен на манастирот Пеликит, во близина на Хелеспонт. Прославен со дарот да исцелува и да чудотвори, свети Иларион заедно со своите 40 монаси беше прогонет во времето на иконоборечкиот цар Лас Ерменецот во еден затвор, во близина на Ефес и таму го заврши својот живот во 754 година.. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Цветна недела - Цветници. Овој ден е спомен на Исусовото влегување во Ерусалим, каде што по пет денови тој бил погубен. Исус Христос во градот бил пречекан од маса луѓе меѓу кои имало и деца кои во рацете носеле маслинови гранчиња. Но, меѓу луѓето не биле присутни градските, народните, ниту верските старешини. Во тој град Исус ќе биде распнат на крст за спасение на светот. Денешниот ден не повикува подлабоко да ја доживееме тајната на тие случувања. Во се што ќе доживееме овие денови е скриена и тајната на нашето верување и неверување во Исус Христос, нашиот Спасител. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:15 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 4 часот и 18 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан