• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
2 мај 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 април. Денеска е Преподобен Јован Старопештерник. Живеел во осмиот век. Како млад многу патувал, среќавајќи се со големите духовници во тоа време, полека подготвувајќи се и самиот да се повлече од светот. Подоцна се населил во стариот манастир, основан уште од свети Харитон Исповедник (од третиот до четвртиот век) близу Ерусалим. За црква во овој манастир служела една пештера во која престојувал свети Харитон, па затоа и Јован бил наречен Старопештерник. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Атаназиј. Бил роден во Египет, во 295 година. Во 328 година го наследил бискупот Александар. Свети Атаназиј често бил прогонуван од својата бискупија и храбро се борел против ариевците. Напишал многу записи во кои ја објаснувал и бранел верата. Умрел во 373 година. ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР Времето за ифтар и суфур Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19 часот и 40 минути, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 35 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна. ###

Остани поврзан