• вторник, 02 јули 2024

Од верските календари

Од верските календари
13 јуни 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 мај. Денеска е Духовден - Слегување на Духот Свети (Втор ден). Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Еруса¬лим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Антун Падовански. Бил роден во Лисабон, во 1195 година. Го оставил грофовскиот дом и станал свештеник. Тргнал на пат за Африка. Поради "лошите" временски услови, тој со својот брод застанал на брегот на Италија. Се засолнил во еден манастир во Падова. Станал познат проповедник. Умрел во 1231 година.

Остани поврзан