• вторник, 07 мај 2024

Од верските календари

Од верските календари
2 септември 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 август. Денеска е Св. пророк Самуил. Свети пророк Самуил живееше околу 1100 години пред Христа. Беше родум од местото Рамат, или Ариметеја, и беше дете измолено од Бога од мајка му Ана, која долго време немаше пород. На три години таа го посвети Самуила на Бога и тој живееше и растеше со телото и духот во Силоам, крај ковчегот на заветот. Тој е последниот од редот на судиите во Израилот. Тој го помаза и првиот цар на Израилот Саул, а после Самуловото отпаѓање и прекрасниот и славен Давид. Беше омилен меѓу Израилот и многумина искрено ја исплакаа неговата смрт. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Во календарот нема податоци за светците. ###

Остани поврзан