• петок, 05 јули 2024

Од верските календари

Од верските календари
16 ноември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 ноември. Денеска е Пренесувањето на моштите на св. великомаченик Ѓорѓи од Никомидија во Лида Палестинска. Денес Црквата го слави пренесувањето на моштите на свети Ѓорѓи во Лида Палестинска, родното место на неговата мајка. Празнувањето на преносот на моштите е пракса која укажува дека Црквата верува не само во воскресението на душата, туку и на телото, т.е. во воскресението на целиот човек. За време на император Констанин во Лида беше подигнат храм, посветен на свети Ѓорѓи, во кој беа сместени чудотворните мошти на овој светител. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Маргарета Шкотска. Живеела во единаесеттиот век. Била жена на шкотскиот крал Малком Трети. Родила шест синови и две ќерки кои ги воспитувала во побожност и чесност. Таа влијаела на кралот да биде милослив и добар спрема своите поданици. Била побожна, иако била жена на кралот. Им помагала на сиромашните и ја нарекувале мајка на сиромашните и бедните луѓе. И се молат верниците во финансиски кризи.

Остани поврзан