• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
19 мај 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 мај. Денеска е Св. праведен Јов. Свети Јов живееше околу 2000 години пред Христа, во Арабија. Во Би-блијата постои една цела книга, Книга на Јов, која зборува за животот на овој чудесен пример на трпение и тврда вера во Бога меѓу луѓето. Неговите страдања се сметаат за праслика на Христовите страдања. Јов бил чесен и побожен човек, освен тоа и многу богат. Но, се случило така што во својата старост тој во еден ден го загубил целото свое семејство и сиот свој имот. И не само тоа, туку го нападнала и тешка болест. Наоѓајќи се среде сите тие страдања Јов сепак ни во еден миг не похули на Бога. Затоа Бог му го врати здравјето и му даде поголемо богатство од претходното, а му се родија и други синови и ќерки. Свети Јов проживеа долг живот, постојано славејќи го и благодарејќи му на Бога за се и се упокои во длабока старост. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Целестин Петти. Бил роден во Исерна, во 1215 година. Одлучил да живее редовнички живот. Папата Урбан, во 1263 година ја потврдил редовничката установа која ја основал Целестин. Во 1294 година, бил избран за папа како наследник на папата Никола Четврти. Папата Целестин управувал со црквата Христова до 1296 година, кога умрел. ###

Остани поврзан