• недела, 07 јули 2024

Од верските календари

Од верските календари
3 мај 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 април. Денеска е Преподобен Теодор Трихин. Се родил во Цариград, во семејство на богати родители. Уште како момче ги презирал богатството и почестите и се повлекол од светот во еден тракиски манастир. Покрај другите подвизи, избрал да спие исклучиво на камен и носел само една груба наметка. Подоцна Бог го надарил со дар на чудотворство. Тој дар Бог му го остави и после неговата смрт од неговите мошти истекуваше миро преку кое се исцелија многумина. Преподобен Теодор се упокои во 400 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Филип и Јаков. Филип бил роден во Бетсаид. Бил ученик на Иван Крстител, а потоа станал Исусов ученик. Роднината на Исус, Јаков управувал со црквата во Ерусалим. Бил измачуван и умрел во 62 година. ###

Остани поврзан