• петок, 20 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
4 јули 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 јуни. Денеска е Св. маченик Јулијан Тарсиски. Свети Јулијан беше Киликиец од градот Тарс, родното место на апостолот Павле, а живееше во втората половина на третиот век. Мајка му го воспитуваше (хранеше) со Небесниот леб, па така овој израсна во мерката на совршен маж. Кога настана гонењето при Диоклецијан (284-305), Јулијан беше затворен како христијанин. Го водеа од град во град по Киликија скоро цела година, честопати ставајќи го на маки, но Јулијан сé издржуваше со силата што му ја даваше Христос. Во една прилика неговата мајка го посети во затворот и го утврдуваше да истрае во своето сведоштво за Христа, а кога управникот дозна за тоа ја фрли и неа в затвор. Најпосле, свети Јулијан беше удавен во морето, а наскоро маченичка смрт претрпе и неговата мајка. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Елизабета Португалска. Била родена во 1271 година во Арагонија. Се омажила за кралот Дионизиј. Кога умрел нејзиниот маж, своето богатство им го поделила на сиромашните луѓе. Стапила во редот на сестрите на свети Фрањо од Асизи. Умрела во 1336 година. ###

Остани поврзан