• сабота, 29 јуни 2024

Од верските календари

Од верските календари
29 јули 2020  ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јули. Денеска е Св. свештеномаченик Атиноген и неговите 10 ученици. Свети Атиноген беше епископ на ерменскиот град Пидахтон и живееше во еден манастир близу градот заедно со 10 свои ученици. Во 311 година во Севастискиот округ беше испратен еден жесток мачител на христијаните, на име Филомарх, кој откако погуби многу христијани ги затвори и епископот Атиноген и неговите 10 ученици. Овие не се исплашија од заканите на Филомарх, па беа погубени. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Марта. Податоците за света Марта се наоѓаат во Евангелието. Таа била сестра на Марија и Лазар. Светите писатели изразуваат задоволство од верата на Марта и нејзината христијанска љубов и пожртвуваност. ###

Остани поврзан