• понеделник, 23 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
1 декември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 ноември. Денеска е Св. маченик Платон. Свети Платон потекнуваше од Галатиска Анкира, Мала Азија. Се роди од родители христијани, кои го воспитаа во Христовиот дух. Свети Платон никогаш не ја криеше својата вера, па за време на едно гонење беше изведен пред суд. Кога судијата го наговараше да принесе жртва пред идолите за да си го спаси животот, свети Платон му одговори: Има два вида смрт: едната е привремена, а другата вечна; а има и два живота, краткотраен и вечен. Свети Платон го избра вечниот живот во својот Христос, пострадувајќи за Него во 266 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Едмунд Кампион. Роден е во Лондон, на 25 јануари 1540 година. Во шеснаесеттиот век англискиот крал Хенрик Осми, ја отцепил Англија од Католичкта црква, бидејќи папата не му дал дозвола да се оддели од својата законска жена, Катарина Арагонска. Во тоа отцепување, имало многу маченици, кои не биле приврзаници на кралот, туку останале верни на папата, од кои најпознати се: канцеларот Тома Мор и бискупот Иван Фишер. Хенриковата ќерка Елизабета, продолжила со прогонствата на католиците. Најславната жртва на прогонството, бил Едмунд Кампио од Придружбата на Исус, кој заедно со своите двајца побратими, бил обесен во Лондон, на денешен ден, во 1581 година. ###

Остани поврзан