• понеделник, 23 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
10 декември 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 ноември. Денеска е Св. маченик Јаков Персиец. Се роди во Елапа, Персија, од родители христијани. Му беше миленик на персискиот цар Издигерд и имаше високо место на дворот. Почестите што му ги даваше царот му го замрачија умот, па во една прилика се најде себеси како заедно со царот им принесува жртви на глувите и неми идоли. Кога дознаа за тоа, неговите родители му испратија писмо во кое го оплакуваа како духовен мртовец и го молеа да се покае и да му се врати на Христа. Тој се покаја, па смело излезе пред царот како христијанин. Овој пак, заборави на својата љубов и нареди Јакова да го исечат на парчиња. Свети Јаков пострада во 400 година. Дел од неговите мошти се наоѓаат во Рим. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Милтијад. По потекло бил од Африка. За папа бил избран во 310 година. За време на неговото управување со црквата во 312 година го победил Константин Велики, својот непријател и непријател на христијанството на римскиот цар Максенциј на Милвијскиот мост на реката Тибар. Во 313 година, на Константин со својот совладетел Лучиниј му го издал гласовитиот Милански едикт со кој на христијаните им е дадена слобода и така завршило крвавото прогонство кое траело два ипол века. Поради мирот, кој црквата го добила, Свети Августин го нарекол папата Милтијад "вистински син на Христовиот мир". Верниците му се молат во сите прилики во животот. ###

Остани поврзан