• петок, 22 ноември 2024

Од верските календари

Од верските календари
19 август 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јули. Денеска е Преображение Господово. Празникот Преображение по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим. Важноста на овој настан за човечкиот род е одлично искажана во зборовите што апостол Петар ги кажува во некакво изумување, а кои сведочат за значењето на непосредниот однос на човекот со Бога. Тие зборови се: Господи, добро ни е овде. Во црквата смислата и значењето на празникот секогаш најдобро се иска¬жуваат во тропарот на денот, кој за овој празник гласи: Си се преобразил на гората Христе Боже, покажувајќи им ја својата слава (божественоста) на твоите ученици, колку што можеа да примат; и нам грешните да ни заблеска твојата вечна светлина, т.е. светлината на вистинското знаење, богопознание. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Иван Еудес. Живеел во Франција во седумнаесеттиот век и припаѓал на монашката католичка Исусова дружина. Завршил теолошка училиште и бил стручњак за латински јазик. Успешно ја објаснувал верската наука. Основал интернати во кои се школувале идните свештеници. Ја пропагирал молитвата на срцето Исусово како симбол на љубовта кон луѓето. На свети Иван Еудес му се молат верници за разни потреби, а особено оние кои "паднале" во зло и неморал. ###

Остани поврзан