• петок, 22 ноември 2024

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Струмица, 17 септември 2024 (МИА) - Одбојкарите на македонскиот шампион Струмица се поразени во првото коло од Лигата на шампионите на ЦЕВ од грчки Олимпијакос со 3:0, по сетови 15:25, 17:25 и 15:25.

Првиот натпревар се одигра вечерва во Струмица, во Салата „Парк“, а Грците беа убедливи во сите сетови и до победата стигнаа по еден час и петнаесет минути игра.

Реваншот се игра по седум денови во Грција, во Пиреа. Доколку и во реваншот струмичани бидат поразени, продолжуваат во Купот на ЦЕВ

каде треба да се сретнат со победникот од натпреварот меѓу Инсбрук и Капошвар на 1 октомври. рт/вј/

Фото: Принтскрин канал ЦЕВ

Остани поврзан