• понеделник, 23 декември 2024

Одбиена жалбата, Бордо ќе игра во Четвртата лига на Франција

Одбиена жалбата, Бордо ќе игра во Четвртата лига на Франција

Париз, 17 август 2024 (МИА) - Францускиот олимписки спортски комитет (CNOSF) ја потврди одлуката на Националниот директор за контрола на управувањето (DNCG) за деградирање на Бордо во Четвртата дивизија на земјата.

Во понеделник, 12 август, DNCG ја одби жалбата на Жирондинците, со што клубот не се согласи и поднесе жалба до CNOSF, кој се состана вчера. Така Жирондинците во сезоната 2024/25 ќе играат во Четвртата дивизија во земјата.

- Клубот сега ќе ги насочи сите свои напори на успешно обновување на својот правен статус и реструктурирање, што, пред сè, вклучува спортско враќање во елитата со поздрава финансиска состојба. Амбициите на Бордо се да се врати во елитата и да стане главен клуб во францускиот фудбал, се вели во соопштението на Бордо објавено на својата веб-страница.

Комерцијалниот суд на Бордо на крајот на јули го одобри барањето на клубот за исплаќање на рати на долгот од 90 милиони евра. Клубот избегна распуштање, но го загуби својот професионален статус и сите договори со играчи беа автоматски раскинати.

Првично, Бордо, кој го зазеде 12-тото место во втората лига на земјата, беше деградиран во третата лига поради неуспешна финансиска ревизија. Клубот првично поднесе жалба на оваа одлука, но подоцна се откажа од неа бидејќи не можеше да најде нов сопственик. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан