• петок, 22 ноември 2024

Одбележување на денот на основањето на Црвениот крст на Северна Македонија

Одбележување на денот на основањето на Црвениот крст на Северна Македонија

Скопје, 15 март 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи настан организиран од Црвен крст на Република Северна Македонија, со кој ќе се одбележат 79 години од основањето на Организацијата и 29 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Како што е најавено, на настанот меѓу другото, ќе присуствува и ќе се обрати министерот за здравство Илир Демири, како и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан. 

Исто така, предвидено е потпишување на Меморандум за соработка меѓу Црвен крст и УНДП, но и доделувања на признанија на Општинските организации кои го исполнија планот за крводарување во 2023 година.бт/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан