• недела, 14 јули 2024

Одбележан патрониот празник на Градско

Одбележан патрониот празник на Градско

Велес, 13 јули 2024 (МИА) - Патрониот празник „Свети Апостол Павле“ беше одбележан синоќа во Градско. Во рамките на прославата, на сцена на шеталиштето, концерт имаше хрватскиот естраден уметник Петар Грашо.

Настанот беше дел од манифестацијата „Градско храна, вино и традиција“, што ја организираше локалната самоуправа. На десетина штандови со храна и вино се претставија винарии од Градско, Неготино и Кавадарци, како и кафе-барови и ресторани од Градско и Велес.

Во музичкиот дел на вечерта, претходно настапија Спасен Силјановски, Жаре Бербер и Либеро Бенд.

Инаку во Градско, до денеска, се навршуваат точно три години, како се гради црквата „Свети Апостол Павле“. ад/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан