• недела, 22 декември 2024

Одбележан патрониот празник на општина Илинден 

Одбележан патрониот празник на општина Илинден 

Скопје, 26 јули 2024 (МИА) - Со настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден - 2 Август, Денот на Републиката,  Илинден. На централната манифестација, која се одржа во комплексот на Домот на култура ,„Илинден“ пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој им го честита празникот на сите жители од општина Илинден.

Како што информира Општина Илинден, градоначалникот изрази благодарност до граѓаните на Општина Илинден за несебичната поддршка, како и на здруженија на граѓани, бизнис секторот, до членовите на Советот на општина Илинден, вработените во општинската администрација, вработените во општинските претпријатија, просветните работници од јавни установи кои, како што рече, даваат особен придонес во развојот на нашата убава Општина.

-Токму оваа поддршка ни дава голем поттик за да продолжиме да се развиваме во вистински правец и со уште посилно темпо да создаваме нови проекти кои ќе значат подобри услови и генерално ќе го подобрат животот во Илинден. Успехот на општествата денес зависи од способноста на локалните самоуправи да се приспособуваат на брзите промени во светот и од способноста да ја зајакнат сопствената конкурентност. Во изминатите три години успеавме да покажеме дека Општина Илинден со тоа одлично се носи, а за тоа говорат многуте реализирани проекти и активности во сите области од општественото живеење, како што се комуналната и патната инфраструктура, заштитата на животната средина, образованието и младите, здравството, економијата, спортот, културата и сите останати области, изјави градоначалникот Георгиевски.

Во општина Илинден настапија Андријана Јаневска, Александар Тарабунов и хорот на Здружението на пензионери „Илинден“. мд/сст/

Фото: Општина Илинден 

Остани поврзан