Одбележана Неделата на грижа за стари лица во Берово
- Под мотото „Ние сме нивни деца”, во периодот од 20 до 24 ноември, во Берово ќе се реализираат активности по повод Неделата за грижа за стари лица.
Берово, 21 ноeмври 2023 (МИА) - Под мотото „Ние сме нивни деца”, во периодот од 20 до 24 ноември, во Берово ќе се реализираат активности по повод Неделата за грижа за стари лица.
По тој повод, корисниците од Домот за стари во Берово денеска ги посети градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој ја упати пораката за секојдневно зголемување на грижата за старите лица, преку внесување нови содржини за унапредување на условите за живот на старите лица.
-Бројните реализирани активности и грижата во домот, се секојднeвна работа на вработените во Домот за стари лица и показател дека старите лица, се рамноправни граѓани во општеството и дека сите ние, вистински се грижиме за нив. Ни,а активности и организирани посети, се спроведуваат во Старскиот дом д-р ,,Иван Влашки “, каде што со различни културно уметнички точки, се подига свеста за грижата на старите лица, рече Пекевски напоменувајки дека активностите за подигање на свеста, на населението за правата и потребната грижа и помош на старите лица, се остваруваат во соработка и поддршка од Општина Берово и институциите на локално ниво.
Во рамки на одбележување на оваа недела, станарите во Домот за стари лица ги посетија и директорот, ученици и вработени во ООУ „Дедо Иљо Малешевски “, кои имаа свој настап.
-Вистинско уживање за корисниците на услугите, беше културно уметничката програма подготвена од Дом на културата „Димитар Беровски”, кои заедно со вработените и Директорот им посветија посебно внимание на старите лица, сместени во ОЈУСЗСЛ д-р „Иван Влашки “ -Берово, истакнаа од ООУ „Дедо Иљо Малешевски".
Во рамки на програмата директорката на старскиот дом Живка Бојчовска Каламадевска потенцираше дека искуството и мудроста на старите лица, помага во полесно справување со секојдневните предизвици и полесно остварување на поставената цел.вс/фф/
Фото: МИА