• вторник, 15 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Овчка Река во Кавадарци непроодна, реагираат од Левица 

Овчка Река во Кавадарци непроодна, реагираат од Левица 

Кавадарци, 3 април 2025 (МИА) - Овчка Река во Кавадарци е непроодна, реагираа попладнево од партијата Левица.  

-Овча Река е проширена и непроодна. Земјоделците кои секојдневно зависат од овој премин за да стигнат до своите ниви се револтирани, а до Левица пристигнаа бројни реакции за проблемот што општинските власти го игнорираат.  Наместо конкретни решенија, Општина Кавадарци испрати бирократски одговор со кој суштински ја одбива иницијативата за изградба на премин, соопштија од Левица Кавадарци. 

Притоа подвлекоа дека на земјоделците им е неопходно решение, за да можат да ја обработуваат земјата. 

-Овој случај уште еднаш покажува дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нема слух за реалните потреби на земјоделците. Бараме итно вклучување на преминот преку Овча Река во програмата за уредување на земјиштето за 2025 година. Ако има политичка волја, може да се најде решение – доколку општината одбие, тоа ќе биде директен доказ за нивната незаинтересираност за земјоделците, реагираа од Левица. свд/вј/

Фото : Левица 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан