• недела, 22 декември 2024

Овации за Де Брујне кој се врати на теренот по 149 дена и асистираше 17 минути по влегувањето во игра

Овации за Де Брујне кој се врати на теренот по 149 дена и асистираше 17 минути по влегувањето во игра

Манчестер, 7 јануари 2024 (МИА) - Кевин Де Брујне го имаше својот прв настап за Манчестер сити по повредата. Белгискиот фудбалер за врска влезе како замена на денешниот натпревар од ФА Купот против Хадерсфилд во 57. минута. Во 74. тој направи асистенција за Жереми Док.

Триесет и двегодишниот Де Брујне за прв пат заигра за Сити по 149 дена. Поради повреда на бутен мускул тој е надвор од терените од 11 август 2023 година.

Публиката од трибините на стадионот „Етихад“ го поздравија Де Брујн со овации скандирајќи го неговото име. Дефанзивецот Рубен Диас веднаш по неговото влегување на теренот му ја даде капитенската лента на Кевин. 

Манчестер сити го победи Хадерсфилд со 5:0 и се пласира во 1/16финалето на ФА купот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан