• сабота, 23 ноември 2024

Објавен списокот со 179 фирми кои добиле пари од државата, а не исплатиле плати

Објавен списокот со 179 фирми кои добиле пари од државата, а не исплатиле плати
Скопје, 15 декември 2020 (МИА) - Владата ги објави списокот со компании кои добиле помош од државата преку анти-ковид мерките, но парите не им ги исплатиле на работниците. На списокот се 179 фирми што добиле финансиска поддршка, а не им дале плата на вработените. Директорката на УЈП Сања Лукаревска вчера најави дека дека секој што го прекршил законот ќе одговара, а инспекторите ќе спроведат дополнителни контроли. Глобите за компаниите кои добиле средства од државата, но не исплатиле плати на вработените се движат од 500 до 1.000 евра за микро компанија, од 500 до 2.000 евра за мала, од 1.000 до 6.000 евра за средна и од 1.000 до 10.000 евра за голема компанија.са/  

Остани поврзан