• вторник, 05 ноември 2024

Објавена книгата „Шила“ од Калиопи Трпчева и Јана Мишо 

Објавена книгата „Шила“ од Калиопи Трпчева и Јана Мишо 
Скопје, 1 мај 2022 (МИА) - Кинигата „Шила“ од Калиопи Трпчева и Јана Мишо излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Како што соопшти издавачот, „Шила“ е книжевно-ликовен свет, напишан, нацртан и сошиен како поддршка за истрајноста, стрпливоста и самодовербата кај децата. Го отвора прашањето за соочување на децата со дислексија и го реактуализира чудесниот подзаборавен свет на рачната работа. Идејата за приказната почнала да се развива од цртеж. Илустраторката Калиопи Трпчева прво го нацртала ликот на Шила, а подоцна се развило и сижето на книгата. За авторката на текстот Јана Мишо „Шила“ е едно од нејзините најубави творечки искуства. -Во приказната акцент е ставен на тешкотиите при читањето, но само како пример. Можноста да ја раскажам приказната за дете кое само се научило да се справува со своите проблеми и нејаснотии, преку шиење кукли што ѝ ги означуваат емоциите за подобро да ги разбере, беше фантастична. Преку куклите, Шила учи како да реагира на светот, учи емпатија и наоѓа утеха. Таа шие за другарките, што потоа води до бескрајни игри и прекрасни моменти, вели Мишо. Книгата ќе биде промовирана на седми мај во 19 часот, во рамки на Саемот на книгата 2022. „Шила“ веќе е достапна во „Литература.мк“ и во сите поголеми книжарници, како и онлајн, преку www.literatura.mk. Книгата ќе биде застапена и на штандот на „Арс Ламина” и „Литература.мк“ за време на Саемот на книгата во СЦ „Борис Трајковски“ - Скопје, од трети до деветти мај. мд/мч/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан