• петок, 04 октомври 2024

„Обредни народни носии“, тема на годинашната Ревија на народни носии

„Обредни народни носии“, тема на годинашната Ревија на народни носии

Струга, 10 септември 2024 (МИА) - „Обредни народни носии“ е темата на годинашната Ревија на народни носии што ќе се одржи на 21 септември во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“.

- Секој ревијалец-учесник на сцената треба да презентира една или повеќе народни носии со кои треба да ја опфати тематиката на овогодинешното издание „Обредни народни носии“, соопшти организаторот.

Пријавите со име и презиме на сопственикот на народните носии, опис на народните носии, од кои делови се составени носиите и неколку фотографии да се испратат на e-mail: kud_ilinden@hotmail.com најдоцна до 15 овој месец.

Ревијата на народни носии во Струга е со долгогодишна традиција, која по пауза од седум години, пред четири години беше возобновена од КУД „Илинден“. сс/дма/

 

Фото: КУД „Илинден“

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан