• сабота, 21 декември 2024

Обрадор Лопез одби да го уапси Путин на инаугурацијата на новиот претседател во октомври

Обрадор Лопез одби да го уапси Путин на инаугурацијата на новиот претседател во октомври

Мексико Сити, 8 август 2024 (МИА) - Мексиканскиот претседател во заминување Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска го отфрли барањето на Украина да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку ја игнорира меѓународната потерница и присуствува на инаугурацијата на новоизбраната претседателка Клаудија Шајнбаум во октомври.

-Не можеме да го направиме тоа. Не зависи од нас, изјави Лопез Обрадор на новинарите.

Украина побара од Мексико да го уапси Путин доколку присуствува на церемонијата на положување заклетва на Шајнбаум на 1 октомври.

Тоа барање, во соопштението на украинската мексиканска амбасада на 7 август, се однесува на налогот за апсење издадено од Меѓународниот кривичен суд.

-Се надеваме дека мексиканската влада е свесна дека Владимир Путин е воен злосторник со налог за апсење против него, се вели во соопштението на украинската амбасада. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан