• недела, 24 ноември 2024

Обновен мобилниот интернет во Киев и во западниот дел на Украина

Обновен мобилниот интернет во Киев и во западниот дел на Украина

Киев, 15 декември 2023 (МИА) - Неколку дена по големиот кибер напад врз Украина, најголемиот мобилен оператор во земјата, Киевстар, во голема мера ги врати своите услуги, јави ДПА.

Како што наведува, мобилните интернет услуги на операторот денеска повторно беа достапни во главниот град Киев.

Претходно компанијата објави дека го вратила мобилниот интернет во Западна Украина.

- Вчера најголемиот мобилен оператор во Украина почна да ги обновува гласовните услуги на некои од своите клиенти, откако неговите мрежи во вторникот беа прекинати како резултат на силен хакерски напад, изјави извршниот директор Олександар Комаров.

Тој додаде дека компанијата, која обезбедува услуги за повеќе од половина од населението во Украина, претрпе „огромна штета“ за време на кибер нападот.

Според Комаров, станува збор за „најголем кибер напад врз телекомуникациската инфраструктура во светот“. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан