• петок, 28 јуни 2024

Обновен детскиот парк во село Долно Косоврасти

Обновен детскиот парк во село Долно Косоврасти

Дебар, 2 јуни 2024 (МИА) - Со залагање на месната заедница, а со поддршка на општина Дебар обновен е детскиот парк во село Долно Косоврасти, кој се наоѓа во кругот на ООУ "Ристе Ристевски" и веќе е во служба на најмладите.

-Развојот и играта на децата се дел од нашата грижа и затоа покренавме иницијатива за обнова на уништениот детски парк. Ова катче преставува најпосетувано место од децата, место каде што заеднички играат и се дружаат, а нивната радост и насмевки блескаат, информираа од месната задница преку објава на Фејсбук.

Искажуваат голема благодарност до општина Дебар, посебно до градоначалникот Хекуран Дука за финансиската поддршка со која е саниран  детскиот парк.

-Со поставениот нов кош и обновениот детски парк заокружен е процесот за заедничка дружба на најмладите на едно место. Во обновениот  парк, има и нови дополнителни реквизити, кои се исклучиво наменети за користење од децата, нагласуваат од таму.

Според нив, постојниот детски парк бил изграден во 2015 година во рамките на проектот " Градиме мостови" финанасиран од УНИЦЕФ,  но за жал по краток период, од само две години,  бил вон употреба поради уништени и нефункционални реквизити. вт/ев/


Фото: МЗ Долно Косоврасти

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан