• среда, 26 јуни 2024

Облачно со повремено интензивен дожд, на повисоките планини со врнежи од снег

Облачно со повремено интензивен дожд, на повисоките планини со врнежи од снег
Скопје, 9 декември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде облачно, наутро со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2), а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови кон четврток понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер најинтензивен долж Повардарието и во источните делови. Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а дневната од 7  до 13 степени. Во Скопје, облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер и со повремено поинтензивен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени. Во следниот период ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од слаб до умерен дожд, а на планините со повремен снег, наутро ќе има услови за појава на магла во котлините. Наутро постудено ќе биде во петок и за време на викендот.

Остани поврзан