• сабота, 29 јуни 2024

Облачно и посвежо, по котлините со појава на магла

Облачно и посвежо, по котлините со појава на магла
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде  умерено до значително облачно и посвежо, по котлините со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Утринската температура ќе се движи од 5 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 12 степени. Во следните денови времето ќе биде умерено до значително облачно, претпладне по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен во текот на утрешниот ден. Температурите ќе бидат пониски, утринските на места ќе се спуштаат под нулата.

Остани поврзан