Скопје, 6 мај 2020 (МИА) - Времето ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната температура од 14 до 25 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 23 степени.
Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.