Обичаи и верувања
- Народна филозофија Народни пословици од струшко Ај без пари, ај без ум, се едно ти е. Ајванот немат ј’зик, та не зн’јт да кажит шчо го болит. Ајванот се врзвит со ј’же, а чвек со збор. Ајду
17 јануари 2021 (МИА)
Народна филозофија
Народни пословици од струшко
Ај без пари, ај без ум, се едно ти е.
Ајванот немат ј’зик, та не зн’јт да кажит шчо го болит.
Ајванот се врзвит со ј’же, а чвек со збор.
Ајдутин од ајдутин се плашит. /Зашчо само ајдутин можит да фатит ајдутин./
Ај нему си му зборвал, ај на дрео (камен, ѕизд) се едно.
Ако арно прајме, арно ќе остајме.
Ако беше арна работата и владикана ќе работеше.
Ако бидам зет (неста) ушче еднош, знам како да гувјам.
Ако бидиш магаре, секој ќе те вјат.
Ако врнит се жаљат на влага, ако не врнит се жаљат на суша.
Ако го менал рувото, ама табиетот не.
Ако го најш попот, ќе ја најш и попаѓата.
Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата.
Ако е виното кисело, ама срцето е весело.
Ако е за фајде доста е.
Ако е испасена тревата корењата ушче стоет.
Ако е јунак нека излезит на мегдан.
Ако е колиба - наша е.
Ако е кус денот, д’лга е годината.
Ако е медот благ, ама прстите не се јадет (туку се лижет).
Ако е мачно да се зборвит, не е мачно да се малчит.
Ако е некој будала, не биди му другар.
Ако е од татка ти ќе се погодиме, ако си го спечалил ти – тешко. (Оваа пословица можеше најчесто да се чуе од Евреите, но и од секој купувач при купувањето на имот).
Ако е Петко ќор, децата му се опулени.
Ако е селото весело и мојава фурка ќе предит.
Ако е цар, не е Господ.
Ако е цар не носит две глај.
Ако е чвек сиромав, баре, да е здрав.
Ако зборвиш лош си, ако м’лчиш ќе пукниш.
Ако играт мечката пред вратата на комшијата ќе заиграт и пред твојата.
Ако имат в пајнцата ќе имат и в лајцата.
Ако имат век, ќе имат и лек, ако немат век ќе немат ни лек.
Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп.
Ако имаш лична жена не оди на чужџина.
Ако имаш маша не фашчај ја жарта со р’ка.
Неољата најмногу помогвит./ Ево една анегдота за тоа:
Во едно село си живеела една жена вдојца, со едно мало детуле. М’жа је го опрале арамии кога си идел дома од чужџина, за да му и зејет парите. Жената работала сама се и вкуќи и надвор од куќи. Кога потпорастило детето, еден ден нешчо снеможила и му рекла на детето:
- Синче, зеј го магарено и секирчено и оди в планина да собериш дрва.
- Не зн’м мори мамо, како се берет дрва, рекло детето.
- Неољата, синче ќе ми ти поможит и ќе те научит, рекла жената.
- Не зн’м,,мори мамо, да го тварам магарено, пак рекло детето.
- Неољата, синче, ќе ти поможит и ќе те научит, пак му рекла мајка му.
Детето го зело магарето и сеќирчето и отишло в планина. Кога навлегло во орманот фатило да викат: „Неољо, неољо, ела собери ми дрва.“ Никој не му се оѕвал. Најпосле го зело секирчето, пречи го ова дрвце, пречи го она дрвце насобрало колку едно тварче магарешко. После фатило да викат: „Неољо, неољо, ела твари ми го магарево.“ Пак никој не му се оѕвал. Се вртело детето се шутрело, никој немат. Најпосле зело две дрвчиња со чепорошки, ’и потпрело прашчите на ними фатило да редит едно дрво од едната страна едно дрво од другата страна. После ’и врзало дрвата некако со фортомите за самарчето од магарето и си дошло дома. Кога видела мајка му му рекла:
- Виде синко како ти поможила неољата да набериш дрва и да го твариш магарчето.
- Не мори мајко. Грлово си го рашчинав од викање ама пустата неоља не дојде да ми поможит, - рекло детето. Сам набрав дрва, сам ’и тварив на магарето.
- Не, синко! Неољата била со тебе и таја ти поможила во се, му рекла мајката.
Од Струга, запишал Филип Каваев. (Подготви Марко Китевски)