• недела, 22 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
20 февруари 2021 (МИА) Верувања и суеверија Сениште во лом Нацо Талев од гр. Битола ми кажуваше за едно сениште што го наклапушило еднаш во г. Лом. Во 1887 г. бил во Лом пајтонџија. Цел ден и цела ноќ речиси што го терал пајтонот и коа ќе го остаел дење да се починат коњите, одел во еден ан пус да преспие малку, во една одаја што била здрава во анот. Мнозина му се чудиле на Наца дека одел во пустио ан да спиет, чунки сите во Лом веруале оти во тој ан имат сениште, да од тоа беше се запустил анот. Нацо тоа не го клаал на умот и пак си одел во запустенио ан, та си преспивал дење на пладнина, натевна тамо: немало таму кој да му вреви и да му зборуа за да не го остава да спиет, та затоа одел. Еден ден отишол да поспиет и си легнал на плеќи, со лицето откај вратата да гледат. Уморен бидејќи беше бил многу и дури испотен, не можел колај да заспиет: како да беше завенал малку, ама со отворени очи беше бил и се пулел кај вратата од одајата. Гледајќи во вратата, видел еден чоек да влегуат во вратата, ама знаиш каков чоек? - Еден висок, да страшен, што кој да го види, триста трески да го ватат! Едни раце коа беше спружил, уште од врата, колку два аршина долзи: едни прсти колку едно вретено долзи, тоа нокти како од некој орел. Спружајќи рацете како кај Наца и со усул му ’и доближал до прстите од нозете Нацеи, та му ’и закачил ноктите во прстите од нозете и туку му се прибрал до Нацета влечејќим се чоекот по коленици и му се ококотил со очи. Гледајќи Наце таков страшен чоек што, откоа беше се родил, не видел, и да не даеше Господ дури жив да види, од големио страв што беше му дошло се здрвил на местото Наце и се скоал. ’И откачило сеништето ноктите од нозете и ’и закачило понагоре, нагоре, дошол дури до гуша и туку го наклапушил над него, како некоја стена, што да тежи еден милион ока. Леле, леле, пуста мака Нацеа, пот како река текло од него. Нито можел да викни, нито можел да мрдни. „Де море ал - си велел сам со себе - ќе пукнам како подуен мев: што ми било речено: од кај си Боже, лежи си, да си умриш, ем никој да не ме видит и да не ме знаит кај сум умрен“. Наце во мислата си бил здрав и се сеќаал што му се праело од лошио и страшнио чоек што го наклапушил, арно ама ништо немало што да чинит, чунки бил наклапушен. Мрдни чинел со рака, ѓоа да се куртулиса и да го ватат за гуша страшнио чоек, арно ама не можел ни барем еден прс да помрдни, а не сета рака да ја ослободи и до ак на страшнио чоек да му дојди и да се куртулиса. Кој можи да си помисли (да си вообрази) каква мака имал во тој саат Наце? - Само јас си знаев чичо Марко, тогај што мака имав на тој саат, а друг никој, Господ да ми беше на помош уште за пет минути ако не се истаеше, бездруго јас ќе пукнев, чунки налегнуањето не беше малку, како што кажуаат едни, за неколку декики, ами моето налегнуање беше два цели саати, да ела да видиме како можи да се трае. Арно ама, што ти велат: чоекот ет појак и од камен, тики од мака не умират, колај, колај. Многупати беше се опечалил Наце со сета сила за да го одврлит страшнио чоек од себеси, арно ама ич планина можит чоек да ја турнит, да и Наце да турнит страшилиштето. Коа ќе се налутел, брате мило, Наце, од маката што ја имал и од тежината што ја имал, тики му идело со нокти да го удаи, ако можи, да после што сака нека му праит. Ах, што пусто не можел да мрдни, ни со рака, ни со нога, да ќе му се бидеше. „Што се чинит ал - си велел сам со себе - како се погодив во овој пусти ан, пуст, кај што чоек не стапуа за да ме види и да ме откини од овој страшен чоек.“ На тоа размислуање ватил и да плачи, ама не со глас, чунки му беше ватена устата од страшнио чоек, као со клешти стегната, та не можеше нити рилките да ’и мрдни, а не друго. На тоа згора зер веќе му втасало на страшнио чоек, или му се нажалило, тики ватил да му се поистаат од него пополека, како што го наклапушуал, така и полека лека се истаил, и Наце куртулисал. Станал со полојна душа и си излегол од таа пуста одаја и уште еднаш не беше му текнало да појди во ано, чунки на кого што му кажал Наце за алот што беше го нашол, секој беше му се учудил како да останит жив од сеништето што беше го наклапушило во одајата од пустио ан. Чунки тој ан од тоа сениште беше се запустил, и ден денеска пуст е останат - велит Наце. Записи на Марко Цепенков. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан