• петок, 22 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
8 март 2021 (МИА) Растенијата во македонските народни песни  Севдо, Севдо, Севделино, гиди трева детелино, дома ли си, сама ли си, која вечер гост да дојдам? Кога сакаш, тогај дојди, овај вечер не дооди, тука ми е стари татко, да не стоиш на сокако. Севдо, Севдо, Севделино, за татко ти лесно бива, кога дојдам, ќе донесам, еден стодрам лути тутун. Ќе одберам што не гори, нека пие нека трае, немој много да не дума, ќе ме греши да го маам. Ај јуначе (Лазарска песна) Ај јуначе, смилјанчице, Лазаре, смиљ ти китка подгорела, над очите над веждите, аљ се мислиш да се жениш? -Сум смислило, сум свршило,- само ми је надалеку, преку река Венетика, ми је кажвет грдомазна, грдомазна, неубава. Тук се чудам, тук се умам, как да појдам, да ја видам, не сум рабче да прелетам. (Пеела М. Антинова, охриѓанка) Стари Јано вино пиет Стари Јано, Лазаре, вино пиет, вино пиет во башчите, во башчите под вишните. Просто стоет – девет синој, му служеет златна чаша. Ми долета едно пиле, ми нараси златна чаша. Прогоори стари Јано: -Ај синои, мили синои, земете си лак и стрела, ударите това пиле, шчо нараси златна чаша. Одгоори лепо пиле: „Не сум пиле за стрељање, тук ме прати цар Александар. Ти си имаш мила ќерка, тој си имат мили сина, вие да се сосватите.“ (М. Антинова) Моми Беровки Бјулбјул ми пое, бре нано, в гора зелена. Не било бјулбјул, бре сино, моми беровки. От гора слизат бре сино, китки си берат, китки си берат, бре сино, китки смиљовки. Китки смиљовки, бре сино, грутки снегови. Грутки снегови, бре сино, песни си појат. И јаз да идам, бре нано, китки да берам, китки д аберам, бре нано, китки смиљовки. Китки смиљовки, бре нано, грутки снегови, грутки снегови, бре нано, песни да појам. Ал. К. Попорушев. Марко на чардаци Седи Марко на чардаци, па си бие у тамбури, па играе с три јабалки, па си маме до три моми. ц’м н’м, ц’м н’м. Пријде мома, пристапи ву, не ву даде јабалката, но гу фана за руката, води, води та по дома. ц’м н’м, ц’м н’м. Па говоре на мајка си, -На ти, мајко, теб одмена, на татко ти слатка вечера, на мене бела промена. ц’м н’м, ц’м н’м. (Се пее на Водици) Китен девер (Деверско оро) Китен ми китен девере, кој ми те толку накити, та ми те тука допрати, у наше село за мома? Деверче, вели, говори: -Девојке, море девојке, имам си сестра помала, она ме толку накити. Девојки велат, говорат: -Китен ми китен девере, али си било у гора, набрал ли си горско цвеќе, горско цвеќе, зелен здравец? Увил ли си вито венче, вито венче на снаица, снаица да си накитиш. Деверче вели говори: -Та одил сум, мали моми, горе в гора, мали моми, та барал сум горско цвеќе, горско цвеќе, зелен здравец, та увил сум вито венче, вито венче на снаица, да накита моја снаа. Пеана од Арсо Несторов од с. Џерменица, Дебарско. Од записите на Јосиф Чешмеџиев. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан