• петок, 22 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
6 март 2021 (МИА) Растенијата во македонските народни умотворби  Гатанки (Кромид) Осушен, досушен, тридевет кожушен. (Лешник) Малоо грненце, слатко варилце. (Тиква) Јаже до јаже, на крајот тиква. (Грозд на пењнушка) Кусо мече на чекорче клече. (Зелка кога растит) До гуша в земи закопан, дури е жив, си седи гологлав. (Капина) Да е ортома не јет ортома, да јет мачка не јет мачка и пак имат нокти. Печурка) Една куќа на еден дирек. Печурка) Една црква на една нога. (Лашниок) Малоо грненце, слатко варилце. Печурка) Малоо чоече, големо чалмиште. Тиква) Се смотала, се завила, на плот се обесила. Пословици Близната рж ја поблага од чејнца. Јрушата под круша опадинат. Ни лук јал, ни лук мирисал. Од трн трандафил, од трандафил трн. Секоја круша и шишка. Зер и од врба чекаш да ти роди јаболка. Зетоо погледиште врбоо огреиште. Валени јаготки, празни кошници. За едно јаболко отишол дури на Тетоо. Зер сум го канил со јаболко, да што ми дошол. И остаиле мечките да и вардат киселачките. Руно волна дала селанка за да си купи ока јаболка. Црвен како тетоско јаболко. Шупливите јаболки поцрвени се од здравите. Бел црвен како некое тетоско јаболко. Или: као трендафил. Зер јачмено му прекапа, што толку вјаса. Од секое дрво јемиш (овошка) не се берет. Ожени го детето, клај му капина на гуша. Се заваќа како некоја капина. Како некоја капинка беше дури не беше мажена. Вати ја копривата, да ако сакаш да ти ја изџарка раката. Јас не сум цвеќе да ме мирисаш, ами сум коприва. Откоа се стемни, излезе Шарко од коприви. На крастајчар не продавај крастајци. Риби гледај кормид (лук) јади. Арните круши свињите и јадат. Баба за круши не се лажит. Ефтините круши многу се поскапи. Една круша, една душа сум. (Сам човек сум.) Зрењлите круши свињите и јадат,и убавите моми лоши момчиња и водат. Кога легнав како скапана круша веднаш заспав. (Кога некој е уморен). Која крушка без опашка, да момче без невеста. Кој ќе седи под круша тој ќе и јадит здрелите круши. Крушата си паѓа на корено. Секоја круша си има и опашка. Вошки како крушки има. Крушката под круша паѓа. Дури да речи еден круша, другио ја очука. (Дури да ја купи некој некоја стока, другио ја купи и ја продаде). Ќе го опери липата со тој ум што го има. Ни лук јал ни лук мирисал. Проштевајте оти ракија немаме, а вино и леб не ни се згоди, тики повелете, ручајте лук без леб. (Од смешна прикаска). Ќе му и плати парите на лук брање. Го вати во луко. Или во празо. (Го ватил во некоја грешка и го наказуа). Ќе му плати на лук брање. За магаре магданос не треба да јади, за магаре – трње, трње. (За глупав чоек не треба манџи да јади и со што је, како алишта и друзи убаи работи.) Дават скржаиот една маслинка, да земит мев масло (зејтин). Очите и се како од маслинка. Полична вече здравје од неа. Маслинката дури не а стегниш не пушта масло. Два лешника еден орев го кршат. Многи зборои, тѕорба ореи. Со вила ореи не се носат. Шуте си е и друго ништо. Шупливи му се ореите. (Збороите му се лоши). Зер водата од празо ќе ми ја врати. Акоп се боеше дедо од врапците, просо не ќе посееше. (На човек кој не се бои од работа). Гладна кокошка просо сонуа. Пченицата пукнала од просото. Скината вреќа просо не држит. Варена пченица ич никнуат. За едно зрно пченица, врапчето се ваќа во склупцата и си придаа животта. (За мала печалба чоек загинува). Пченицата си ја каснал, ама не знам кога ќе му го јадам оризот. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан