• недела, 17 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
10 април 2021 (МИА)  Народна филозофија Гатанки од Разлошко Арапка се чекари, арапин ја јаа. (Пирустија и тенџере) Бела гаска на една нога стое. (Кокиче) Бели пиленца на прат настанали. (Узреан грав на прат). Без кожа флезе, с кожа излезе. (Леб) Бљутце по бљутце в Цариград оди. (Магаре) Буба лази, буба не е, товар носи – коњ не е, рогови има – вол не е. (Полжав) Ванка му јастието, фнетре му грнето. (Слива) Вар варосано, ѕид ѕидосано, из нијде дупка ни пролупка. (Јајце) Висело, висело – дури посинело. (Верига на огниште) Виси висуљќа, дојде касуљќа, отк’сна висуљќа (Кинење на јаболко) Вир вирило, бор борило, леска го држи. (Полна борова бочва со лескови обрачи) Воскачил се наш гагаљќу воз дедовата маамадуљќа (Грав повиен на прат) Грбава баба под стреа виси (Фурна во Банско што личи на ластовичино гнездо) Два бивола со една глава. (Дисаѓи) Два пумпала, четири дрангала, просјаче и просјак с тенка невеста на рамо. (Кола со два вола, водена од дете, терана од терач со остен на рамо) Два се браќа през планина гледаа, та се не загледуваа (Очите) Двамина браќа по пет деца си имаа, еден леп месува, никој не го накуша, саде водата го накуша (Две нозе газат кал, која водата ја измива) Две глави, две раце, шест нозе и десет прста. (Рак) Две мешинќи надуени на стена висеа. (Градите на жена) Двојца браќа една планина гледаа (Очите и носот) Десет браќа се бијаа, та не можаа да се надвијаа. (Прстите на рацете). Дрипава Циганка пред царе излази. (Баница) Дења слугинка, ношќа господарка (Метлата) Дења месо јаде, ношќа ѕвезди брои. (Остен) Д’га Мара сенќа нема. (Реката) Д’га Неда сама си гроп копа (Капка на стреа) Д’г рељу без кокале. (Дим) Една кашча с илјада греди на еден с’п стои. (Габа) Една стовна со седум дупки – туриш вода не тече. (Главата) Една торбица п’на семе. (Смоква) Една чешма с два чучура. (Нос) Едно дете шчави на маќа му брадата. (Вретено и кадела) Едно момче з бела брада з дванаесе кошули облечено. (Праз) Едно одо, та си веќе не дооди. (Дим) Едно спи, та се не наспива (Пепелта во огништето) Едно јагне меѓу две планини блее (Дете во лулка) - Елен бел, де си бил? - Ф тевен дол. - Шо си прил? - Крф с’м пил. - Кам ти крфта? - На крај село бех, та се не овртех. (Белото сало во свињата). Еден бие, два се клата. (Часовник со клатало) Едно пиле току пее, на земја не стапа. (Ѕвонец на овца). Ж’ти патици в дибок вир пливаа. (Зелки во каца). Ж’т рељу с малечки дупки (Кавал от трска). Жива живина од жива снага јаде. (Вошка) Од зборникот на браќата Молерови. (Подготви Марко Китевски) ###

Остани поврзан