• понеделник, 25 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
23 јуни 2021 (МИА) Народна филозофија Македонски народни гатанки Дрен и дренки Царот во зелено, војската во црвено. Сам царот во зелено, сејмените во црвено. Ѓумче Кусо мече газо пече. Елемија, вртелка: А Дардан татко, а Дардана мајка, шеберести деца. Еж Ѓоко оди по поле, триста коље на рамо. Живо свиено со игли набиено. Еже, еже тутулеже, кажам ти го не го знаеш. Беше едно магаренце, без бров колја носеше. Желади Лани Турци поминаја, шапките си оставија. Железо стопено Црно тури, а црвено извади. Желка Пајнче на пајнче, стреде бинбири ќофте. Оздола штичка, озгора штичка, среде бабичка. Сама баба куќа носит. Оздола тепција, оѕгора сач, стреде баба живејт. Оздола бљуд, оѕгора пајнца, стреде живо месо. Згора копанче, здола лопата, стреде грда Мара. Здола плочка, згора кубе, стреде Алим-оџа. Жена Млекото и се јаде, а месото не и се јаде. Заби Пуна камарка теслички. Бели кокошки под ѕид лежат. Полна црква ѓачиња. Полна црква скепари. Полна куќа со камења. П’лна црква дикеле. (З’бето) Една воденица со два-триесет камчиња, се во вода мелеа и топла каша вадеа. (Забите во устата кога џвакат нешто). Една пештера полна со ѓачиња и во стреде ѓачиња црвен прч лежит. (Забите и јазикот). Зелка Бела гуска на една нога. Еден овчар со сто гуни. Имам една црквичка, на еден дирек потпрена. Откопај дупка, клај Еѓупка. (Зелка расад) Зелник Дрипава Ѓупка пред цар излегве. Вртен сукан ф стреди дупен. Зима З’би немат, ама касат. Змија Баба на п’т легнала и љуто прок’лнала: Тешко на тој што ќе ме згазит. Знаме: Шар шарено, вез везено, на дрво е тафралија. Ѕвезди П’лн дрмон јаица. Шиник јајца нат куќи. Д’га черга крај нема, а очи без број. (Небо и ѕвезди). Ѕвонец Ако го ѓибаш врескат, ако го остајш молчит. Тодор одит низ гора, викат ов леле. Од рид на рид викат: Ѓуро мој, Ѓуро мој. Од падина на падина туку вика: Талалеј, талалеј, талалеј. Игла Мало помалечко, цара наружует. Бела Неда през плет бега, опашката одѕат и останува. (Игла и конец.) Една сестрица низ плет се провира, черевата је се влечат. Ако сум мала, ама цело село облекувам. Свето облачи, а сама гола оди. Мала сум ама цел свет облеквам. Мала е и гола, цел свет облечует. Сиво биче јаже влече. Кобилата сива, опашката и е бела. Пет сестри се мачат еден арвеник (бунар) да напрат. (Игли чорапни) Четири сестрички се гонат, петтата ги залита. (Чорапни игли.) Икона Има нос не мириса, има уста не зборува, има очи не гледа, има раце не ваќа. Искра Бабина кучка, за рака ме касна. Еве ме, ене ме, не можат да ме фанат. Сви угоре, сви удолу, свиткај глата пцојсај. Угоре оит невеста, удолу идет вдовица. Кинисала куса Календина да ми одит на гости; ја пресрети препечен Кула: - Коде одиш кусо Календино? - Ја ќе ида у тебе на гости. (Искра в оџак.) Јаглен Црн го клаш, црвен го изваш. (Јаглен неразгорен и разгорен) Јагне Сам царут вичере, сабјата му трипере.(Јагне кога цица). Јаготка Мало црвено и цар од коња сметинат. Јаже Виено, виено на судни маки клаено. Јаз воденички Јаз ти кажвам, ти не го знаеш. Јас ти кажуа, јаз не го знаеш. Јазик Црвен прч в пештера лежит. Голо теле в јасли лежит. Мокро теле в јасли леже. Меѓу два рида црвено куче. Голо теле оф јасли леже. (Изиќот) Јајце Тарара! Тирара! Две го видоа, пет го фатија. Кога е в рака е бело, кога ќе го испушчиш на земи е ж’то. Бело го фрли, ж’то падне. Личено, бричено на слама лежит. Царот си имаше една бочва, полоина бело вино, полоина ж’лто. Живо роди мртво, а мртво роди живо. Ѕид ѕидосано, вар варосано, нигде ѕирка ни проѕирка. Бричен кадија уф јасли лежет. Остај го не стојт, пушти го ќе се окршит. Стрет море тутенка. (Јаце црвено на Валигден). Во една бочва има вино и ракија, и пак не се мешаат. Калинино вино, маслиново масло во една бочва стоит, а не се мешает. Имам една бочва вино и ракиа на едно место, не се збаркуве. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан