Обилниот дожд не ја спечи радоста во Дебар, малите бадникари низ градот ја пееја „Вечниот Бог“
- Обилниот врнежи од дожд кои непрекинато врнат во Дебар, не ги спречи малите бадникари да ја продолжат традицијата и да ја одржат бадниковата поворка на радоста.
Дебар, 6 јануари 2025 (МИА) – Обилниот врнежи од дожд кои непрекинато врнат во Дебар, не ги спречи малите бадникари да ја продолжат традицијата и да ја одржат бадниковата поворка на радоста. Поворката ја сочинуваат деца од градот, како и оние дојдени за празникот, кај своите баби и дедовци и неколку од долнореканските села, Битуше и Велебрдо, но имајќи го во предвид малиот број православни бројот на децата беше помал, кој се намалува секоја година.
Како и изминатите години тргнаа од кај кружнот тек, во близина на општинската зграда, минаа низ главната и неколку споредни улици во градот, пеејќи ја ангелската песната „Вечниот Бог“, носејќи во рака пештера – симбол на витлеемската пештера, во која е роден Исус Христос, изработена од вредните раце на сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“.
Во црквата „Света Петка“ ги дочека намесникот на Дебарската парохија, Миле Ангеловски, кој срдечно, ним и на другите присутни верници им го честита големиот празник, Христотовто раѓање-Божик.
-Иако, нас православните не има се помалку по број, продолжуваме со традиците. Песната „Вечниот Бог“, одекнуваше низ улиците. Срцето ми се исполни со радост а душата ми ја стоплија овие мали ангелчиња, рече за МИА, Весна Миновска, која гордо го следеше внукот Симон, кој со родителите живее во Гевгелија а за празниците се тука.

За празниците во родните огништа, пред се во селата Лазарополе, Тресонче, Мелничани, Битуше, се голем број поранешни жители и нивните потомци. Како што објавија од месната заедница
Лазарополе, синиќа бил запален коледарски оган а денеска група дечиња-коледари ги посетила домовите на оние кои се тука.
Инаку, во црквата „Света Петка“ денеска ќе биде одржано Претпразненство на раѓањето Христово, утре на Христовото раѓање во 7:15 часот златоустова литургија, а богослужби ќе има и следните два дена.
Во Бигорскот манастир каде божиќните празнувања почнаа вчера, денеска, во предвечерието на големиот празник од 19 до 20:30 часот ќе има Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди.
Во 21 часот почнува сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово, Големо повечерие со Литиски и Стиховни, Утрена и Божествена Василева Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. вт/фф/
Фото: МИА/ с. Лазарополе