Оберг и го донесе првото злато на Шведска на СП во биатлон
- Швеѓанката Елвира Оберг го освои првото место на денешната трка во масовен старт на 12,5 км на Светското првенство во биатлон.

Ленцерхајде, 23 февруари 2025 (МИА) – Швеѓанката Елвира Оберг го освои првото место на денешната трка во масовен старт на 12,5 км на Светското првенство во биатлон.
Оберг трката ја заврши со време 40 минути, 32 секудни и 3 десетинки со две промашувања.
Ова е прв златен медал за Шведска на Мундијалот во Ленцерхајде, Швајцарија.
Второто место и сребрениот медал е за Океан Мишелон од Франција со заостанување 9,4 секунди. Таа имаше три промашувања.
Марен Киркејде од Норвешка со +16,5 секунди (3 промашувања) трета ја мина целта и се закити со бронзениот медал. зс/
Фото: ЕПА