• недела, 22 декември 2024

Обвинение за осум лица за кражбата од депо на судот во Подгорица, едно лице ослободено од обвинение

Обвинение за осум лица за кражбата од депо на судот во Подгорица, едно лице ослободено од обвинение

Подгорица, 9 септември 2024 (МИА) - Обвинение е подигнато против осум лица поврзани со минатогодишната кражба во депото на Вишиот суд во Подгорица, до кое крадците дошле преку тунел ископан од соседната зграда. Против едно лице истрагата е прекината.

Основното државно обвинителство во Подгорица подигна обвинение пред Основниот суд во Подгорица против шест лица, поради кривично дело организирање криминална група во врска со тешка кражба.

Против едно лице е поднесено обвинение за организирање криминална група во врска со тешка кражба и фалсификување документи, а против едно лице за помагање на сторителот по извршувањето на кривично дело.

Според обвинението, од депото на Вишиот суд во Подгорица биле противправно одземени 11 мобилни телефони, како и 19 парчиња огнено оружје, од кои 11 биле од предмети кои завршиле со правосилна пресуда, а останатите осум од предмети кои сè уште се во процес.

„Исто така, биле одземени и помали количини дрога – марихуана, хероин и кокаин од три правосилно завршени предмети и два предмети кои сè уште се во постапка“, се наведува во соопштението. ссм/

фото: архива

Остани поврзан