• понеделник, 23 декември 2024

Обајвена книга поезија „Манифест на каменот“ од Виктор Радун Теон

Обајвена книга поезија „Манифест на каменот“ од Виктор Радун Теон

Скопје, 8 јули 2023 (МИА) - Книгата поезија „Манифест на каменот“ од Виктор Радун Теон е објавена во издание на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола. Книгата првично е објавена во Белград во 2020 година, а препевот од српски на македонски јазик го направи Мирјана Стојановска. 

Авторот Виктор Радун Теон работи на Факултетот за применета екологија „Футура“ во Белград. Пишува поезија, проза, есеи и критики. Се занимава со филозофија и студии за иднината. Неговата поезија е преведена на: шпански, руски, арапски, романски, македонски, словенечки и бугарски језик. Има објавено 11 книги, 67 научни и стручни трудови, педесетина есеи, литературни критики и прегледи, седум учебници и превел преку 30 книги од англиски на српски јазик.

Книгата „Манифест на каменот“ е шеста книга поезија од Виктор Радун Теон. Книгата содржи вкупно 59 песни, поделени во 6 циклуси: „Јајцето на Еднорогот“, „Вавилонски водопади“, „Чудото на Фениксот“, „Крвта и розата“, „Змијата на Бурата“ и „Манифест на каменот“.

„Манифест на каменот“ претставува финална книга во неговата хексалогија. Сите шест поетски книги чинат едно неразделиво единство, единствен систем, како симбол на Универзумот во сета негова комплексност и циклично движење.

Книгата „Манифест на каменот“, го симболизира елементот Земја. Тој елемент е симбол на крајот, на довршувањето на еден циклус или процес. Низ песните се провлекуваат симболи и метафори кои укажуваат на тој симболизмот на Земјата: камен, карпа, скапоцени камења, почва, тврдини и др. Каменот е синоним за познанието како огледало на лирскиот субјект, што му овозможува на авторот да се спушти во подземјето на јаството и да се издигне, отелотворено во нов почеток. Книгата е филозофска имагинација која преминува преку метафизиката и теологијата и влегува во реалноста. Вака формираниот поетски склоп открива нови сознанија што ја прави оваа поетика посебна, автентична, авангардна.

Објавувањето на книгата е финансиски поддржано од Министерството за култура на Северна Македонија.бт/ев/

Фото/ Здружение за наука и култура НОВА, Битола

Остани поврзан