Обамејанг: Имав понуда од Барса, но сакав да останам во Арсенал
- Првата ѕвезда на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг проговори за одлуката за продолжување на договорот со лондонскиот клуб.
![Обамејанг: Имав понуда од Барса, но сакав да останам во Арсенал](https://new.mia.mk/images/20221104210214_big_730x400_14.webp )
Лондон, 27 септември 2020 (МИА) – Првата ѕвезда на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг проговори за одлуката за продолжување на договорот со лондонскиот клуб.
- Имав неколку понуди. И од Барселона и од други клубови. Приоритет ми беше да останам во клубот од две причини. Првата е тренерот, Микел Артета. Разговаравме многу за време на изолацијата, и тој ме убеди.