• четврток, 19 декември 2024

НФФ: Индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје, затоа треба да се работи за нивен развој

НФФ: Индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје, затоа треба да се работи за нивен развој

Скопје, 14 февруари 2021 (МИА) - Индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи за нивен развој и економско јакнење, како и воспоставување вистински договорни односи помеѓу винариите и лозарите се со цел лозарството и винарството да се развива и понатаму да биде препознатлив бренд на нашата држава. Посебно сега со настаната Ковид криза, потребно е да се либерализира пристапот на малите производители до пазарот, а со тоа да се влијае на стабилизирање и редистрибуција на вредноста на земјоделскиот откуп во целиот систем. Овие се дел од заклучоците на анализата на Националната федерација на фармери „Земјоделството и корона кризата“1.

- Според официјалните податоци на ДЗС во Република Северна Македонија има вкупно 180.000 земјоделски стопанства. Од нив околу 48.000 земјоделски стопанства поседуваат лозови насади. Од површините под лозови насади наменети за производство на винско грозје 70 отсто се обработуваат од страна на индивидуални земјоделски стопанства (чија површина се движи од 1 – 4 ха). Токму овој податок покажува дека индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи за нивен развој и економско јакнење, како и воспоставување вистински договорни односи помеѓу винариите и лозарите се со цел лозарството и винарството да се развива и понатаму да биде препознатлив бренд на нашата држава, соопшти Националната федерација на фармери. - Пред изгрејсонце и по месечина појди си на лозје, со голема љубов и волја работи, бори се со климатските промени, произведи си вкусно грозје и на есен наполни се со нервози, кога треба да го продаваш. Од фер економија и задоволство на сите во вредносниот синџир, преминавме на високи трошоци за маркетинг и креирање приказни од кои никако производителите на грозје да дојдат до корист. Со години наназад, оваа особено важна гранка, која иако има огромни можности останува неорганизирана и во производството и во извозот. Од една страна се лозарите кои инвестираат во нови површини, но нивниот труд не е вреднуван. Од друга страна пак се винариите кои се убедени дека секоја винарија е посебна приказна, значајно име на глобалниот пазар (иако најголем дел од нашето вино се уште завршува на ексјугословенските простори) и не наоѓаат модалитет како да одговорат на потребите на лозарите со цел сите да го добијат својот дел од колачот, истакнува Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери. НФФ преку разговор со своите членови лозаропроизводители и секторски пристап кон решавање на земјоделските проблеми со години наназад ги истакнува следните барања кои, како што велат, се презентирани неколку пати во изминатите години и пред винариите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, собраниската Комисијата за земјоделство и рурален развој: - Цената за „вранец“ да биде 17 ден по кг, а ценат на за смедеревка 16 ден по кг. На барање на Националната федерација на фармери од Земјоделскиот институт е доставена пресметаната единечна производна цена на грозјето која изнесува 11 ден по кг, додека производната цена на винското грозјето со амортизација ( во амортизација влегува и работниот труд) изнесува 15 ден по кг. Со ваквите ниски откупни цени само се уназадува лозарството, кој е еден од значајните сектори во земјоделството, посебно за производство на вино кое е извозно орентирано и значајно за БДП на државата. - Функционирање на договорно производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој, каде што винариите во текот на месец март треба да ги пријават количините грозје кои ќе ги откупат, а доколку тоа не го направат постојат соодветни санкции. Договорите за откуп на грозјете винариите со лозарите да ги склучуваат на почетокот на годината, бараат од Федерацијата. Со цел навремена исплата на грозјето и почитување на договорното производство бараат исто како и кај Законот за тутун и во Законот за вино да се воведе банкарска гаранција. Меѓу барањата е и исплата на откупено грозје да се реализира најдоцна до 31.12. за откупот од тековната година, потоа целосно бришење на член 17 став 5 од Законот за вино каде што се вели дека утврдената цена согласно со ставот (3) на овој член може да се намали најмногу до 8 отсто во случај кога исплатата на износот за откупеното винско грозје се врши во целост во рок од седум д ена од денот на приемот согласно со членот 16-б од овој закон. Ова, според нив, не e во согласност со Уставот на РСМ и не одговара на ниту едни пазарни, демократски и европски правила, принципи и услови со кои се регулира откупот, туку на ваков начин само се овозможува намалување на цената за откуп на винско грозје. Бараат и измена на член 17, став 1 од Законот за вино, каде што бараме шеќерните единици во грозјето да се одредуваат од страна на релевантни државни институции како што се Факултетот за земјоделски науки и храна и Земјоделски Институт, бидејќи цената за винско грозје се одредува врз основа на шеќерни единици. Од НФФ информираат дека нивните реакции и дејствување ќе продолжат и понатаму при секој обид да се намали трудот на лозарите и да се доведуваат лозарите во ситуација која ги води на работ на егзистенцијата и уништување на долгогодишниот труд. Имено, НФФ потсетува дека ги поддржала измените на Законот за вино со кои се овозможува работа на малите винарии и се овозможуваат низа поволности со коj што се олеснуваат условите за производство на вино на малите винарии и на физичките лица производители на вино што е тековен тренд во светски рамки, особено во сегментот на продажба на вино од фарма во насока на диверзификација на понудата на пазарот и развој на винскиот и руралниот туризам.фф/скс/

Остани поврзан