• вторник, 05 ноември 2024

Нуркачи ќе трагаат по шестмината исчезнати работници од урнатиот мост во Балтимот

Нуркачи ќе трагаат по шестмината исчезнати работници од урнатиот мост во Балтимот

Балтимор, 27 март 2024 (МИА) - Нуркачите денеска во водите околу остатоците од урнатиот мост во пристаништето Балтимор, ќе трагаат по шесте работници за кои се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти.

Ударот на контејнерскиот брод на мостот, кој предизвика негово уривање, предизвика и затворање на пристаништето Балтимор на неопределено време. Тоа е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД, па катастрофата предизвика сообраќаен хаос во Балтимор и околниот регион.

Потрагата по шесте работници беше прекината синоќа, 18 часа откако тие паднаа од урнатиот мост Френсис Скот Ки во студените води на устието на реката Патапско.

Претставници на државната полиција на Мериленд и на американската крајбрежна стража рекоа дека намалената видливост и сè поопасните струи во каналот го прават продолжувањето на потрагата по реката премногу ризично за да продолжи во текот на ноќта. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан