• четврток, 07 ноември 2024

Нуредини: Подготвени сме за носење на законот за климатска акција, но потребна е институционална соработка за негова имплементација

Нуредини: Подготвени сме за носење на законот за климатска акција, но потребна е институционална соработка за негова имплементација
Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) - Ние сме подготвени да се донесе законот за климатска акција, но нашата идеја е сите институции во земјава да бидат влучени во неговото финализирање, со цел потоа истите да бидат подготвени за негова имплементација, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, коментирајќи го делот од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во однос на климатските промени. Тој посочи дека не е суштината само да да се донесе одреден закон, туку е клучно тој да биде спроведен. - Не станува збор за тоа дека не сме подготвени, но мене ми е важно како министер сите институции да го имплементираат тој закон, не само да носиме закони бидејќи ЕУ тоа го бара. Ние работиме за нашата држава и тоа е најважно, затоа треба да бидеме подготвени, потенцираше Нуредини. Министерот додаде дека очекува до крајот на годината законот за климатска акција да биде доставен во Влада, а за најкраток можен рок и во Собрание.см/мд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан