• понеделник, 23 декември 2024

Нуредини на 27-от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени

Нуредини на 27-от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени
Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, од 7-ми до 9-ти овој месец, учествува на 27-от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени (UNFCCC), потврдувајќи ги заложбите на државата за преземање на својот дел од глобалните обврски за постигнување на целите на Договорот од Париз. -Како држава страна на UNFCCC и Договорот од Париз споделуваме слични очекувања од меѓународниот самит, особено во однос на адаптацијата, финансирањето и транспарентноста. Дополнително, поддржуваме инклузивни одлуки, засновани на правила и научни докази,  водени од принципи кои се градат на договори, одлуки, ветувања и обврски, од Рио 1992 до Глазгов 2021 година, се наведува во соопштението од МЖСПП. Од Министерството посочуваат дека настојуваме да придонесеме кон глобалната климатска акција преку усвојување на политики и мерки за намалување на емисиите на стакленичките гасови и  засилени напори за прилагодување на најранливите сектори поддржано со соодветни текови на финансии. -Се сложуваме дека „праведната транзиција“ останува приоритет за земјите во развој низ целиот свет. Постигнувањето на целтта на Договорот од Париз бара обединување од сите за да го ограничиме глобалното затоплување под 20 степени Целзиусови. Мора да воведеме нови решенија и иновации кои помагаат да се ублажат негативните влијанија од климатските промени. Исто така, треба да ги реплицираме и брзо да ги зголемиме сите други решенија погодни за климата кон имплементација во земјите во развој, се нагласува во соопштението. Ние, како земја од регионот на Западен Балкан, како што е посочено во соопштението, споделуваме слични предизвици во однос на постигнувањето на целите и целите поставени од меѓународната заедница, како и оние поставени со европското законодавство и министерските одлуки во рамките на Енергетската заедница. -Сите ние сме посветени на имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан, која бара визија, лидерство како и збир на стратешка, правна, организациска и процедурална инфраструктура. Република Северна Македонија е посветена во исполнувањето на сите предуслови за интегрирано климатско дејствување. Усвоивме збир на документи неопходни за декарбонизиран раст  и ја завршуваме правната рамка. COP27 ќе биде момент за земјите да ги исполнат своите ветувања и заложби за исполнување на целите од Договорот од Париз за подобрување на имплементацијата на Конвенцијата, се истакнува во соопштението од Министерството. На маргините на Конфенцијата, министерот Нуредини ќе освари билатерални состаноци со своите колеги, како и со извршни директори на повеќе меѓународни институции. дма/са/

Остани поврзан