• петок, 22 ноември 2024

Нуредини: Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“

Нуредини: Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“

Скопје, 13 јануари 2023 (МИА) - Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, одговарајќи на новинарско прашање за кривична пријава против цементарницата „Усје“ за загадување на Скопје. Од „Усје“ ги демантираа овие обвинувања.

- Имале заедничка соработка Државен инспекторат за животна средина и локален инспекторат на Град Скопје. Имало направено вонредна инспекција на „Усје“, на барање од институции од државата и на Град Скопје. Резултатите ги имаме, сега ние го разгледуваме извшетајот и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма. Целосно, транспарентно ќе го презентираме, кога извештајот ќе биде разгледан и комисијата ќе го има разгледано целиот, истакна министерот.

На прашање дали ги отфрлува обвинувањата на градоначалничката Данела Арсовска, тој одговори дека не, но, „како Министерство, не преземаме кривична против никого“.

Според анализа што траела една година, како што кажа министерот, се покажало дека 35 отсто до 45 проценти, загадувањето во градот Скопје доаѓа од палење на биомаса. На второ место биле стари возила.

- Нашата стратегија во Владата, да направиме измена на начин на греење на јавни објекти, е тоа што е потребно и да ги поддржиме нашите граѓани да направат измена на, кога има можност, греење на домови. Но, клуч на целиот проблем ќе биде секундарна и терцијарна мрежа за гасовод во нашата држава, подвлече министерот.

Нуредини присуствуваше на отпочнување на изградба на фекална канализација во Страчинци во Општина Гази Баба. см/бд/

Остани поврзан