• четврток, 21 ноември 2024

Нуклеарната централа Запорожје повторно поврзана со украинската електрична мрежа

Нуклеарната централа Запорожје повторно поврзана со украинската електрична мрежа
Киев, 17 септември 2022 (МИА) - Нуклеарната централа Запорожје повторно добива електрична енергија директно од украинската мрежа откако инженерите поправаа еден од четирите главни надворешни далноводи, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Електричниот далновод беше оштетен за време на борбите меѓу украинските и руските вооружени сили.

Поправениот далновод од 750 киловолти сега ја снабдува најголемата европска нуклеарна централа (чиј последен оперативен реактор беше исклучен на 11 септември) со потребната електрична енергија за ладење на реакторот и други важни безбедносни функции, се истакнува во соопштението на МААЕ. ми/

Остани поврзан