• четврток, 26 декември 2024

„Ноќите на дивиот крал“: Уште една тужба против Диди

„Ноќите на дивиот крал“: Уште една тужба против Диди

Њујорк, 24 декември 2024 (МИА) - Во новата тужба поднесена против американскиот рапер Шон Комбс, познат како „Диди“, негов поранешен вработен дава увид во контроверзните забави на некогаш познатиот музичар. Тужителот, според наводите, морал да чисти по неколкудневните секс-забави.

Филип Пајнс го тужи Диди за сексуална злоупотреба, сексуално вознемирување и секс-трговија.
Мажот ги опишува „подготовките на хотелските соби за повеќедневните оргии на Пи Диди со жени“, коишто тој ги нарекувал „Ноќите на дивиот крал“. Таму, наводно, требало да има црвени светла, кофи за мраз, мед „за машкото либидо“, масло, лубриканти, крпи, алкохол, марихуана, други опојни средства и секс-играчки.

Музичарот, според тужбата, за чистењето крв, телесни течности, дрога итн. оставал и поголем бакшиш за вработените во хотелот, со надеж дека штетата ќе остане непријавена.

Натаму, Пајнс тврди дека Диди го принудил на секс додека овој гледал, а тужителот се чувствувал „како животно кое мора да ја докаже својата лојалност“, се наведува.

Тимот на Пи Диди ги отфрли наводите од тужбата, велејќи дека раперот „ќе победи на суд“ и дека се уверени во тоа.

„Без разлика колку тужби ќе бидат поднесени, тоа нема да го промени фактот дека г-н Комбс никогаш сексуално не нападнал или силувал некого, ни мажи, жени, ниту малолетници“, се вели во одговорот.

За потсетување, Диди беше уапсен на 16 септември во Њујорк, а сега е во притвор, каде што ќе остане до почетокот на судењето закажано за 5 мај 2025 година.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан