• петок, 05 декември 2025

Нотингем Форест добива нов менаџер до четврток

Нотингем Форест добива нов менаџер до четврток

Нотингем, 20.октомври 2025 (МИА) – Премиерлигашот Нотингем Форест најверојатно ќе има нов менаџер откако досегашниот Ангелос Постекоглу доби „експресен отказ“. Тој по поразот во саботниот натпревар од осмото коло од Премиер лигата на домашен терен (0:3) од Челзи беше „избркан“, а на клупата на Нотингем Форест се задржа смо 39 дена, што е најкус мандат на еден менаџер во Премиер лигата.

Постекоглу го замени Нуно Еспирито Санто на почетокот од сезоната, но слабите резултати пред сè поразите (не победи на ниту еден натпревар) се причината за разделбата.

Како нов менаџер британските медиуми го споменуваат Шон Дајч. Поранешниот менаџер на Барнли и на Евертон би можел веќе в четврток против Порто во натпревар од Лига Европа да биде на клупата на Нотингем Форест. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан