• сабота, 06 декември 2025

Нормализиран сообраќајот од Битола до ГП „Меџитлија“

Нормализиран сообраќајот од Битола до ГП „Меџитлија“

Скопје, 16 јули 2025 (МИА) - Нормализиран е сообраќајот на патниот правец од Битола до граничниот премин Меџитлија, а сообраќајот на регионалниот пат Битола - Прилеп останува во прекин за товарни возила, а патничките возила и понатаму се пропуштаат наизменично, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија. 

На овие два патни правци, како што претходно информираше АМСМ, се случиле сообраќајни незгоди. 

На граничните премини за влез и излез од земјава, според информациите од АМСМ, од македонска страна нема подолги задржувања. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан